Градежништвото оствари историски највисоки стапки на раст од 32,7% во 2013 година, што не може да се спореди со растот во ниту еден претходен период. Просечниот раст на градежништвото во периодот 2011-2013 година изнесуваше 16,1%, пред се како резултат на зголемените јавни инвестиции финансирани од државната каса. Тоа овозможи реализација на стотици капитални проекти, но и создаде работа за домашните фирми од градежништвото, индустријата и услужните дејности, со што се сочуваа работните места во услови на криза. Најголемо учество во растот на градежниот сектор имаат капиталните инвестиции во патната инфраструктура. Како што е посочено во Отчетот за сработеното на Владата во периодот од 2011 до 2014 година, за периодот од 2011 до 2015 беа ветени 50 проекти, од нив 25 се реализирани, а 22 се во процес на реализација.
Градежништвото оствари историски највисоки стапки на раст од 32,7% во 2013 година, што не може да се спореди со растот во ниту еден претходен период.
Просечниот раст на градежништвото во периодот 2011-2013 година изнесуваше 16,1%, пред се како резултат на зголемените јавни инвестиции финансирани од државната каса. Тоа овозможи реализација на стотици капитални проекти, но и создаде работа за домашните фирми од градежништвото, индустријата и услужните дејности, со што се сочуваа работните места во услови на криза.
Најголемо учество во растот на градежниот сектор имаат капиталните инвестиции во патната инфраструктура. Како што е посочено во Отчетот за сработеното на Владата во периодот од 2011 до 2014 година, за периодот од 2011 до 2015 беа ветени 50 проекти, од нив 25 се реализирани, а 22 се во процес на реализација.
- Од неветените проекти, реализирани се десет, два се во тек на реализација, а нереализирани се три проекти. Или ако се соберат ветените и неветените, тогаш реализирани се 35 проекти, во реализација се 24, а три се нереализирани - стои во отчетот.